• 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12

Проблемот со недостаток на самоиницијативност, самодоверба и недоволната информираност на младите студенти за претприемништвото, за можностите што ги нуди интернетот и е – маркетингот, развој на сопствен бизнис од своето хоби, талент со што ќе генерираат сопствени производи за остварување на приход, може да се надмине со имплементирање на нашиот предлог проект кој преку формите на интерактивна обука, заедничко дружење, практична работа, промоција ќе обезбеди надградување на капацитетите на младите студенти и ќе обезбеди услови за самовработување. Иновативноста на проектот е што младите ќе имаат можност од своето хоби, она што со љубов го работат, да развијат сопствен бизнис.
Носител на проектот „Чекори за само­врабо­тување на младите - од хоби до сопствен бизнис“ финансиран од Влада на Република Македонија е ЗХА"СИНЕРГИЈА"- Штип, а партнер е Државниот студенски дом „Браќа Миладиновци “ – Штип

Проект

„Едуцирана  жена е моќна жена“

"An educated woman is a powerful woman"

 

 

       Проектот "Едуцирана  жена е моќна жена" (An educated woman is a powerful woman)   е поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија каде ЗХА "Синергија" Штип  е носител на проектот и заедно со Националната установа-Универзитетска библиотека "Гоце Делчев" Штип, членови на Алумни асоцијацијата во Македонија и НВО "Женска Акција" Радовиш. Сите тие ќе се обидат да поттикнат проактивен пристап за 60 невработените жени на возраст од 20 до 40 години да бараат и создаваат можности за вработување, исто така, да се стимулира нивната конкурентност на пазарот на трудот преку новостекнати вештини како резултат на следните активности:

       - Курс по основни компјутерски вештини

       - Две интерактивни обуки (како да аплицираат за работно место)

       - Креирање на профил на Facebook и линк во веб-страницата на НУ-УБиблиотека  "Гоце Делчев"  Штип за невработени жени  

       -Конференција "Едуцирана  жена е моќна жена" (учесници 40 библиотекари од регионот кои даваат услуги за целната група и алумни тимови)

       

        Проектот ќе се реализира од 15.09.2011 до 14.09.2012 г.

 

 Во тек е пријавувањето на невработени жени на возраст од 20 до 40 год. за бесплатните обуки по: 

       - компјутерски вештини 

       - аплицирање за вработување 

       - интервју при вработување 

       Обуките ќе се вршат во НУ-УБиблиотека „Гоце Делчев“ Штип од страна на стручни лица.

       Пријавете се на следните мејлови:

       This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.,  телефон: 078-472-605

       This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

       оставете ваши податоци и телефон за контакт. 

 

 

Во просториите на библиотеката започна обуката за основни компјутерски вештини, која е една од активностите на проектот „Едуцирана жена-моќна жена“. Првата група 15 жени, треба да посетува уште 14 часа обука после која ке следат две интерактивни обуки како да аплицираат за работно место. 

Сеуште  тече пријавувањето за следните групи за кои обуките ке бидат во јануари, февруари и март.  

Пријавете се на следната елетронска пошта: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.