• 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12

Проблемот со недостаток на самоиницијативност, самодоверба и недоволната информираност на младите студенти за претприемништвото, за можностите што ги нуди интернетот и е – маркетингот, развој на сопствен бизнис од своето хоби, талент со што ќе генерираат сопствени производи за остварување на приход, може да се надмине со имплементирање на нашиот предлог проект кој преку формите на интерактивна обука, заедничко дружење, практична работа, промоција ќе обезбеди надградување на капацитетите на младите студенти и ќе обезбеди услови за самовработување. Иновативноста на проектот е што младите ќе имаат можност од своето хоби, она што со љубов го работат, да развијат сопствен бизнис.
Носител на проектот „Чекори за само­врабо­тување на младите - од хоби до сопствен бизнис“ финансиран од Влада на Република Македонија е ЗХА"СИНЕРГИЈА"- Штип, а партнер е Државниот студенски дом „Браќа Миладиновци “ – Штип

Општа цел : Интеракција на културните вредности и создавање на самосвесни личности отворени за другиот, кои разликите нема да ги гледаат како проблем и причина за разидување, туку како богатство и предуслов за соживот.
Конкретна цел : Да се запознаат 25 млади на возраст од 15 до 20 години (10 македонци,5 власи, 5 роми, 5 турци ) со содржината, целите и ефектите од имплеменатцијата на меѓуетничката интеграција во образованието и преку обуки и тренинзи да се зајкнат нивните капацитети за мултикултурна интеркција и иднина на заденичко живеење и дејствување.

Целна група се бидат младите од Р. Македонија кои имаат можност да видат и слушнат како младите од источниот регион припадници на различни етнички заедници, разликите ги прифаќаат како извор на богаство.
Директни партиципиенти во проектот се бидат 25 млади на возраст од 15 до 20 години ученици во ДСМУ „Сергеј Михајлов“ и студенти на Музичката академија при УГД – Штип и тоа : 10 македонци, 5 власи, 5 роми 5 турци.
Целно подрачје ќе бидат општина Штип и општините од кои доаѓаат учениците и студентите.
Локација каде ќе се реализираат поголем дел од активностите е ДСД „Браќа Миладиновци“ – Штип. Нивото на реализација на проктот ќе биде локално/ регинално.

Главни активности се :

• Обука на тема : Меѓуетничка интеграција – цели и облици на спорведување.
• Тримесечна подготовка и проби за изведување на повеќе музички нумери (по две песни карактеристични за секоја етничка заедница, и една македонска песна испеана на на сите 4 јазици).
• Снимање на музичкото ЦД насловено „МУЗИКАТА ГИ ОБЕДИНУВА РАЗЛИКИТЕ“.
• Организирање јавен настап на ШКЛ 2015 и промоција на ЦД.

slika1

slika2

slika3

slika4

slika5

slika6

slika7