• 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12

Проблемот со недостаток на самоиницијативност, самодоверба и недоволната информираност на младите студенти за претприемништвото, за можностите што ги нуди интернетот и е – маркетингот, развој на сопствен бизнис од своето хоби, талент со што ќе генерираат сопствени производи за остварување на приход, може да се надмине со имплементирање на нашиот предлог проект кој преку формите на интерактивна обука, заедничко дружење, практична работа, промоција ќе обезбеди надградување на капацитетите на младите студенти и ќе обезбеди услови за самовработување. Иновативноста на проектот е што младите ќе имаат можност од своето хоби, она што со љубов го работат, да развијат сопствен бизнис.
Носител на проектот „Чекори за само­врабо­тување на младите - од хоби до сопствен бизнис“ финансиран од Влада на Република Македонија е ЗХА"СИНЕРГИЈА"- Штип, а партнер е Државниот студенски дом „Браќа Миладиновци “ – Штип

Проект: Со едукација до поголема конкурентност при вработување на жените 

 

Општа цел: Едукација на 30 невработени (привремено вработени) жени од општина Штип

заради подобрување на нивните професионални вештини и како да ги препознаат и

искористат можностите за работа, а со цел пораст на животниот стандард и поквалитетен

живот.

 

Цел на проектот:

- Стимулирање на конкурентноста меѓу 30 жени и верување дека едуцирана жена има

поголеми можности за вработување

- Обезбедување едукација во 2 нивоа компјутерски вештини и англиски јазик, согласно

нивните потреби и предзнаења, прилагодени на моменталните потреби на пазарот на

трудот.

- Стекнување вештините за барање работа на 30 жени според нивните компетенции и желби

преку интерактивни работилници за барање работа и интервју при вработување. 

Обуки ќе бидат изведувани од стручни лица во својата област со користење на

софтвер кој е баран во скоро сите огласи за вработување на национално ниво.

Професор по англиски ќе дефинириа почетна и напредна програма за обука според

претходно тестирани жени и согласно потребите од самите огласни. Програмските

содржини на обуки за компјутерски вештини во 2 нивоа ќе се прилагодат на

потребите кои се бараат на пазарот како и на предзнаењата на жените, а во функција

на претражување работа на интернет. 

 

Предвидени активности на проектот:

1. Формирање на листа учеснички 30 жени (листа на учесници/невработени жени )

кои ќе бидат дирекни корисници на проектните активности

2. Подготовка и печатење на прирачник по англиски во 2 нивоа

3. Подготовка и печатење на прирачник за обука на основни и напредни

компјутерски вештини

4. Подготовка и печатење прирачник за активно барање работа и пријавување за

работа

5. Реализација на обука на компјутерски вештини (почетно и напредно ниво) 32

часа x 2 групи (30 жени)

6. Реализација на обука за англиски јазик (почетно и напредно ниво): 32 часа x 2

групи (30 жени)

7. Реализација на 4 дневни интерактивни обуки како да бараат работа и

пријавување на работа, 2 обуки по 2 дена

8. ТВ промоција на проектните активности од страна на локален медиум