• 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12

Проблемот со недостаток на самоиницијативност, самодоверба и недоволната информираност на младите студенти за претприемништвото, за можностите што ги нуди интернетот и е – маркетингот, развој на сопствен бизнис од своето хоби, талент со што ќе генерираат сопствени производи за остварување на приход, може да се надмине со имплементирање на нашиот предлог проект кој преку формите на интерактивна обука, заедничко дружење, практична работа, промоција ќе обезбеди надградување на капацитетите на младите студенти и ќе обезбеди услови за самовработување. Иновативноста на проектот е што младите ќе имаат можност од своето хоби, она што со љубов го работат, да развијат сопствен бизнис.
Носител на проектот „Чекори за само­врабо­тување на младите - од хоби до сопствен бизнис“ финансиран од Влада на Република Македонија е ЗХА"СИНЕРГИЈА"- Штип, а партнер е Државниот студенски дом „Браќа Миладиновци “ – Штип

sinergija logo hobbyImg logo

 

 

 

 

interreg logo

Проект: Направи го твоето "домашно производство" и хоби профитабилно

Водечки партнер : Здружение за хуманитарни активности "Синергија" Штип, Македонија

Партнер: Здружение на претприемачи регион Гоце Делчев, Бугарија

Целна група: Невработени жени од пограничниот регион со способности за посебни домашни производства и производство на ракотворби; занаетчиски и останати фирми кои се занимаваат со вакви производи ќе можат да нарачаат ракотворби и производи барани од страна на пазарот; купувачи со преференции  за овој вид на производи ќе имаат избор да ги купат.

 

Проектни активности: Две групи на невработени жени, кои произведуваат домашни производи и ракотворби, ќе се формираат во Штип и Гоце Делчев. Тие ќе бидат обучени во основите на економијата и основни ИТ вештини , со цел да бидат во можност да ги продадат своите производи и да го направат своето хоби и домашно производство профитабилно. Организирањето на работилница со локалните бизнисмени, организирање на базари во Штип и Гоце Делчев, како и учеството преку заеднички штанд на саем за занаетчиство во Скопје, ќе им овозможи да соработуваат, да остварат контакти и создадат основа за иден развој на нивните домашни активности во микро или мала фирма.


Резултати: Невработените жени од пограничниот регион ќе стекнат основни економски и ИТ познавања; ќе се воспостават контакти за размена на искуства, контакти со локалните бизнисмени кои се занимаваат со слични бизниси; ќе можат да ги промовираат и продаваат своите производи и да остварат приходи; ќе можат да ги развијат нивните домашни активности и хоби во мали, профитабилни бизниси; со ова ќе се помогне во зачувувањето на двете национални култури и традиции.

 

Прва средба со партнерите од Бугарија

proekt bugarija prva sredba 1proekt bugarija prva sredba 2proekt bugarija prva sredba 3proekt bugarija prva sredba 4proekt bugarija prva sredba 5proekt bugarija prva sredba 6