Инфобус поддршка на земјоделците
Проектот „Библиотека на тркала“ (Инфобус)-библиотека по волјата на земјоделците/ A library on wheels -a library at will of the farmers е финансиран од EIFL-PLIP (Electronic Information for Libraries – Public Library Inovation Program/ Електронски информации за библиотеките - Иновативно програми за Јавните библиотеки ) од грантот за реплицирани проекти.
EIFL е меѓународна невладина организација основана 1999 година со седиште во Европа која се залага за пристап до знаењето преку библиотеките во повеќе од 45 земји во транзиција и развој од Европа, Африка и Азија.
Иновативната програма за јавни библиотеки (PLIP) на EIFL ги поддржува земјите во транзиција и развој, да ја користат информатичката и комуникациска технологија за имплементирање на иновативни услуги за развој на заедницата. EIFL-PLIP, исто така, споделува знаење и охрабрува репликација на успешни услуги во јавните библиотеки кои се во служба на потребите на заедницата. Види повеќе на www.eifl.net.
Некои од донаторите на EIFL се : Бил и Мелинда Гејтс Фондацијата (Bill & Melinda Gates Foundation), Форд Фондацијата (Ford Foundation), Темпус програмата на Европската Комисија (European Commission Tempus Programme), УНЕСКО (UNESCO) и др.
Носителот на проектот e Националната установа-Универзитетска библиотека "Гоце Делчев" Штип, a партнери се ЗХА "Синергија" Штип заедно со Општините Штип и Карбинци и Канцеларијата за рурален развој при УГД "ГоцеДелчев" - Штип.
Главните корисници на нашиот проект се земјоделци во 14 села и 5 приградски населби на општините Штип и Карбинци, каде што "Библиотека на тркала" -INFOBUS ќе оди според утврдениот распоред. Вклучени се селата: Чардаклија, Караорман, Карбинци, Таринци, каде што земјоделците ќе бидат обучувани во 4 групи. Во склоп на проектот предвидени се следните активности:
- ИКТ обуката за земјоделците,
- Едукација на земјоделците како да аплицираат за државни средства и ИПАРД фондовите на ЕУ, во соработка со Канцеларијата за рурален развој при УГД "Гоце Делчев" Штип и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
- Креирање на "AGROCORNER"-веб порталот
- Доставување информации преку SMS на мобилни телефони за субвенции и нивно објавување за аплицирање,или за бараната информација / помош претходно во текот на обуките.
- Формирање на Земјоделското катче во внатрешноста на INFOBUS-от, кое ќе биде опремено со лап-топ компјутери и брз интернет, литература од различни области на земјоделието во согласност со потребите на земјоделците, Инфобусот ќе минува низ овој регион и ќе нуди помош на земјоделците согласно нивните потреби.
Проектот започна од 1. Ноември 2011 година и ќе трае 1 година.
За видео од овој проект - кликнете тука.
Во рамки на проектот „Библиотека на тркала“ (Инфобус)-помага на земјоделците да пристапат до грантови и субвенции, финансиран од EIFL Организацијата во PLIP програмата за јавни библиотеки, кој го имплементира НУ УБ„Гоце Делчев“- Штип во партнесрство со ЗХА„Синергија“- Штип, Универзитет „ Гоце Делчев“- Штип, Општина Штип и Општина Карбинци во четврток 26.01.2012 г. со почеток во 17 часот, во ООУ „Страшо Пинџур“ Карбинци се оддржа предавање на тема „Органско земјоделско производство и Интегрална заштита на растенијата- мотиви, можности, постапки“. Предавач беше дипл.инж.агр. Васко Златковски од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип од Канцеларија за рурален развој. Работилницата се реализираше со асистенција на претставник на ЗХА „ Синергија“- Штип , м-р Елена Ташкова (асистент на проектот). Услови и техничка поддршка беше обезбедено од страна на Општина Карбинци, преку ООУ„ Страшо Пинџур“. На овој начин се потврди партнерството и тимската работа на сите субјекти вклучени во реализација на проектот. И покрај студеното време и големиот број на секојдневни обврски, 16 земјоделци и сточари од селата кои припаѓаат во Општина Карбинци, најдоа и одвоија време за да присуствуваат на првата работилница. Тие имаа можност да добијат информации и одговори на своите прашања преку интеракција со предавачот и асистентот. На сите им беше дистрибуиран флаер со содржини и совети од презентацијата, евидентирани беа заинтересираните за учество во обуките за ИКТ и им беа дадени корисни web страни каде ќе можат да се информираат.
Видео прилог од обуката - кликнете тука.
Втора обука во с. Таринци, на 16.02.2012

На ден 07.03.2012 год.(среда) во просториите на Основното училиште во с.Караорман и 09.03.2012 год.(петок) во просториите на ООУ„Страшо Пинџур“ – Карбинци, во рамки на проектот Инфобус – поддршка на земјоделците на НУ-УБиблиотека „Гоце Делчев“ – Штип, финансиран од EIFL - PLIP се оддржаа предавања на тема: „УПАСТВА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА ОД ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2012 год. Предавачи беа Ристо Огњанов од Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството - Регинален центар Штип и Зоран Тасевски - Јавно претпријатие за пасишта. Одзивот на присутните беше задоволителен и предвањето протече со интеракција, пред се за измените во Програмата за финансиска поддршка, како и за правилното потполнување на апликативните формулари.


Во основното училиште во с. Таринци, среда 14.03.2012 се одржа трибина „Како до субвенции“ во склоп на проектот ИНФОБУС-ПОДДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ финансиран од EIFL-PLIP. Интерактивна трибина на која учествуваа 20 земјоделци како и градоначалникот на Општина Карбинци г-дин Васил Богдански. Предавачи беа Ристо Огњанов од Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството - Регинален центар Штип и Зоран Тасевски - Јавно претпријатие за пасишта.

