• 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12

Проблемот со недостаток на самоиницијативност, самодоверба и недоволната информираност на младите студенти за претприемништвото, за можностите што ги нуди интернетот и е – маркетингот, развој на сопствен бизнис од своето хоби, талент со што ќе генерираат сопствени производи за остварување на приход, може да се надмине со имплементирање на нашиот предлог проект кој преку формите на интерактивна обука, заедничко дружење, практична работа, промоција ќе обезбеди надградување на капацитетите на младите студенти и ќе обезбеди услови за самовработување. Иновативноста на проектот е што младите ќе имаат можност од своето хоби, она што со љубов го работат, да развијат сопствен бизнис.
Носител на проектот „Чекори за само­врабо­тување на младите - од хоби до сопствен бизнис“ финансиран од Влада на Република Македонија е ЗХА"СИНЕРГИЈА"- Штип, а партнер е Државниот студенски дом „Браќа Миладиновци “ – Штип

 

ЗХА „Синергија“- Штип oд јануари оваа година го имплементира проектот „ Активни граѓани – креираат политики“ финансиран од Влада на Република Македонија. Проектот се однесува на областа: Зголемување на учеството на граѓанскиот сектор во процесот на креирање на политики.

Цел на проектот е: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и зголемување на улогата на граѓанското општество во демократските процеси. Конкретна цел на проектот е да се поттикнат / изградат капацитетите на 10 НВО од источниот регион на Р. Македонија преку обуки и тренинзи за застапување и лобирање со цел ефикасно да влијаат во креирањето на локалните и националните политики. Директни корисници на проектните активности ќе бидат 30 учесници од 10 активни НВО од источниот регион на Република Македонија и тоа 5 од Општина Штип и Општина Карбинци, и 5 од следните општини: Св. Николе, Радовиш, Кочани, Пробиштип и Виница. Со имплементацијата на проектот очекуваме дека ќе се постигнат следните резултати:

30 членови од 10 активни граѓанските организации од источниот регион на Р. Македонија ќе имаат вештини и знаења за активно да се вклучат во процесите на донесување одлуки на национално ниво;

Воспоставени контакти помеѓу 10 активни граѓански организации од источниот регион на Р. Македонија

Формирање на една неформална мрежа на НВО од источниот регион со донесена стратегија за застапување и лобирање при креирање на политиките

на локално и национално ниво

Зголемена свест кај граѓаните за активно учество во креирање на политики

Зголемена комуникација помеѓу јавните власти и граѓанските организации во врска со креирање на релевантни политики. 


Агенда - Обука за застапување и лобирање 10-11.05.2013


Прв ден (10.05.2013)

 

 


Втор ден (11.05.2013)