• 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12

Проблемот со недостаток на самоиницијативност, самодоверба и недоволната информираност на младите студенти за претприемништвото, за можностите што ги нуди интернетот и е – маркетингот, развој на сопствен бизнис од своето хоби, талент со што ќе генерираат сопствени производи за остварување на приход, може да се надмине со имплементирање на нашиот предлог проект кој преку формите на интерактивна обука, заедничко дружење, практична работа, промоција ќе обезбеди надградување на капацитетите на младите студенти и ќе обезбеди услови за самовработување. Иновативноста на проектот е што младите ќе имаат можност од своето хоби, она што со љубов го работат, да развијат сопствен бизнис.
Носител на проектот „Чекори за само­врабо­тување на младите - од хоби до сопствен бизнис“ финансиран од Влада на Република Македонија е ЗХА"СИНЕРГИЈА"- Штип, а партнер е Државниот студенски дом „Браќа Миладиновци “ – Штип

ЗХА „Синергија“ – Штип од 2014 година започна со имплементацијата на проектот „ ЛЕС – Логопедски едукативен софтвер” финансиран од Влада на Република Македонија. Основа за концепирање на проектот е потребата за воведување на ИКТ во логопедскиот третман, согласно светските искуства и позитивната пракса на примена на повеќе од две децении на ИК- технологијата во третманот на децата со артикулаторни и јазични проблеми. Проeктот се однесува на областа – Пораст на животниот стандард и квалитет на живеење преку модернизација и унапредување на здравствениот сектор и воспоставување на оддржлив, интегриран и ефикасен здравствен информатички систем.

Реализатори се ЗХА „ Синергија“- Штип и ДООЕЛ „ ИнтерБауер“- Штип.

Општа цел на проектот ЛЕС – „Логопедски едукативен софтвер“ е да се креира иновативен пристап во логопедскиот третман со примена на ИКТ за да се обезбеди мотивираност кај учениците со артикулаторни проблеми за активно учество во корективните третмани, преку искористување на можностите што ги нуди ИКТ.
Директни корисници на проектните активности ќе бидат 80 корисници, 40 ученици/логопати опфатени со логопедски третман во ООУ „Гоце Делчев“ – Штип и 40 нивни родители и дефектолози од Медицински центар, основните училишта и Дневните центри за деца со посебни потреби.

Главни активности :
• Формирање на примерок на истражувањето
• Спроведување на тестирање за утврдување на говорно – јазичниот статус на децата на петгодишна возраст во Детска градинака „Вера – Циривири“ – Штип и Детска градинка „Астибо“ - Штип
• Реализација на предавање со родителите на децата/логопати и логопеди, дефектолози од Медицински центар, основните училишта и Дневниот центатар за деца со посебни потреби на тема : „Рана интервенција и улогата на компјутерот во логопедскиот третман“.
• Изработка на едукативен софтвер за логопедски третман
• Презентација на „Едукативен софтвер за логопедски третман – упаство за употреба“
• ТВ промоција на проектните активности
• Дистрибуција на ЦД-ња со едукативен софтвер за логопедски третман