• 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12

Проблемот со недостаток на самоиницијативност, самодоверба и недоволната информираност на младите студенти за претприемништвото, за можностите што ги нуди интернетот и е – маркетингот, развој на сопствен бизнис од своето хоби, талент со што ќе генерираат сопствени производи за остварување на приход, може да се надмине со имплементирање на нашиот предлог проект кој преку формите на интерактивна обука, заедничко дружење, практична работа, промоција ќе обезбеди надградување на капацитетите на младите студенти и ќе обезбеди услови за самовработување. Иновативноста на проектот е што младите ќе имаат можност од своето хоби, она што со љубов го работат, да развијат сопствен бизнис.
Носител на проектот „Чекори за само­врабо­тување на младите - од хоби до сопствен бизнис“ финансиран од Влада на Република Македонија е ЗХА"СИНЕРГИЈА"- Штип, а партнер е Државниот студенски дом „Браќа Миладиновци “ – Штип

 


Коалицијата на граѓански организации “Излези да гласаш“  од своето формирање активно учествува во набљудувањето на изборните процеси во Македонија. Досегашната работа на оваа Коалиција овозможи активно набљудување на Парламентарните избори во 2008 година со 593 набљудувачи, на Парламентарните избори во јуни 2011 со вкупно 1123 акредитирани набљудувачи од членовите на оваа граѓанска коалиција.

 

И на претстојните Локални избори Коалицијата со голем број на  акредитирани набљудувчи волонтери активно ќе го следи изборниот процес и политичките кампањи кои се составен дел на претстојните избори.

Активностите на Коалицијата  “Излези да гласаш“ се насочени кон:  едукација на граѓаните за нивните законски права во текот на изборниот процес и правото на глас и набљудување на изборниот процес. Изборот е целосно индивидуално право на секој граѓанин поединечно заштитен со бројни домашни и меѓународни правни акти. 

Линк - Кодекс за набљудување на изборите

Линк - Повик за волонтери

Линк - Права и обврски на набљудувачи

Линк - Набљудувачи 2013 (Синергија)

Линк - Информација за процесот на гласање на гласачки места - заклучно со 14.00 ч.

Линк - Информација за процесот на гласање на гласачки места - заклучно со 18.00 ч.

 

 Информирање за ВТОРИОТ КРУГ за изборниот процес во  рамките на кампањата:   “Излези гласај“

Коалицијата „Излези гласај“, вториот круг на Локални избори 2013  ги следи со вкупно 2900 и 70 мобилни волонтери, акредитирани набљудувачи на цела територија на Република Македонија.

За повеќе информации од прес конференцијата од 18 ч. кликнете тука.

За повеќе информации од прес конференцијата од 16 ч. кликнете тука.

За повеќе информации од прес конференцијата од 14 ч. кликнете тука.

За повеќе информации од прес конференцијата од 12 ч. кликнете тука.