• 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12

Проблемот со недостаток на самоиницијативност, самодоверба и недоволната информираност на младите студенти за претприемништвото, за можностите што ги нуди интернетот и е – маркетингот, развој на сопствен бизнис од своето хоби, талент со што ќе генерираат сопствени производи за остварување на приход, може да се надмине со имплементирање на нашиот предлог проект кој преку формите на интерактивна обука, заедничко дружење, практична работа, промоција ќе обезбеди надградување на капацитетите на младите студенти и ќе обезбеди услови за самовработување. Иновативноста на проектот е што младите ќе имаат можност од своето хоби, она што со љубов го работат, да развијат сопствен бизнис.
Носител на проектот „Чекори за само­врабо­тување на младите - од хоби до сопствен бизнис“ финансиран од Влада на Република Македонија е ЗХА"СИНЕРГИЈА"- Штип, а партнер е Државниот студенски дом „Браќа Миладиновци “ – Штип

idg2016

Повик за набљудувачи (избори 2016) 

 

Прес-конференција 03.11.2016

 

Почитувани медиуми,

Ви благодарам што сте денеска тука, темата на денешната прес конференција на коалицијата “Излези да гласаш” е информирање на сите граѓани и општествени субјекти дека повторно и овие предвремени парламентарни избори, коалицијата “Излези да гласаш” ќе биде присутна и ќе ги набљудува.

Коалицијата “Излези да гласаш” на овие предвремени парламентарни избори ќе се регистрира како официјален набљудувач на изборниот процес, согласно правилникот и процедурите на ДИК, се со цел осигурување на фер и демократски процес во кој секој граѓанин ќе може да го истакне своето демократско право на глас.

“Излези да гласаш” е коалиција составена од околу 100 невладини организации, а предводена од невладината организација “Синергија” која е активна повеќе од 14 години.

Ја информираме јавноста дека на официјалната веб-страна на НВО “Синергија” во текот на идната недела ќе биде објавен ПОВИК за волонтери-набљудувачи на предвремените парламентарни избори 2016, кој ќе биде проследен и до медиумите и до јавноста, за  да и на овие избори како и сите претходни имаме успешен сеопфат и мониторинг на избирачките места. Воедно на истата веб-страна изложени се сите потребни контакти за понатамошни информации и прашања.

Дополнително, да напоменеме дека како и до сега, така и овие избори за сите наши активности ќе бидат информирани дипломатските претставништва и дипломатскиот кор, кои исто така се активни набљудувачи на изборниот процес.

Исто така и овој изборен процес ќе функционираме на крајно транспарентен начин.  Набрзо ќе биде промовирана наменска канцеларија за изборите на коалицијата “Излези да гласаш”, каде што ќе може да има двонасочна комуникација со граѓаните. 

Воедно ќе функционира и официјалната е-маил адреса за предвремените парламентарни избори 2016, каде што исто така ќе можат да комуницираат граѓаните со нас.

Мораме да Ве информираме дека ќе бидеме присутни медиумски наредниов период, ќе го следиме изборниот процес и кампања како се одвиваат и ќе укажуваме на сите работи за кои сметаме дека треба да им бидат сервирани на граѓаните, се со цел како што кажав, да повторам уште еднаш, осигурување на фер и демократски процес во кој секој граѓанин ќе може да го истакне своето демократско право на глас.

Очекуваме фер и демократски предизборен и изборен процес, согласно демократските и општествени вредности. 

 

Со почит,

Коалиција “Излези да гласаш”